Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна вонредна седница посветена на американското признавање на Ерусалим како престолнина на Израел, на барање на некои арапски земји и држави со мнозинско муслиманско население.
– На седницата повторно ќе се гласа за нацрт-резолуцијата за повлекување на одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп, изјави палестинскиот пратеник во ОН, Ријад Мансур.
САД во понеделникот ставија вето на резолуцијата, а денешното гласање нема да биде обврзувачко, меѓутоа, како што наведуваат медиумите, ќе има политичка тежина.