Познатите личности во Македонија, деновиве интензивно се вклучуваат во т.н. работилници на радоста, со кои, како што велат, сакаат да им го разубават овој празничен период пред Божик и на оние, кои за жал, заради болест или друга несреќа, не можат да ја почувствуваат празничната еуфорија.
Песна, прегратка, убав збор, малку шега и по некое подароче. Не треба многу за да усреќиш некого, велат тие.
Во првата работилница на радост и милосрдие која беше наменета за детската болница Козле, учествуваа Ребека Јанковска Ристески, Елена Пандева, Викторија Лоба, Кире Ѓоревски и многу други членови од Здружението за возобновување на православните традиции во Македонија – „Бадникови поворки“.