Русија се понуди да биде посредник во преговорите меѓу Израел и Палестинците

Од:

Заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Владимир Сафронков понуди Русија да биде фер посредник меѓу Израел и Палестинците и да ја преземе улогата која САД ја имаа согодини. Овој предлог тој го даде при синоќешниот говор пред Советот за безбедност.

Сафронков претходно ја поддржа резолуцијата на која што САД стави вето, а со која се бараше да се повлече одлуката на САД за прогласување на Ерусалим за главен град на Израел.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја отфрли можноста САД да бидат посредник по овој потег од Трамп.

Сафронов рече дека станува сè поважно да се оди „колку што е можно кон директни израелско-палестинските преговори”. Преговорите предводени од САД доживеаа крах во април 2014 година и оттогаш се во застој.

Тој го повтори предлогот да се одржи самит на палестинските и израелските лдиери и дека Русија е подготвена да биде фер посредник.

Би можело да ве интересира

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски