Нов слаб настап на македонските пливачи на ЕП во 25 метарски базени

Од:

Македонските пливачи кои настапуваат на Европското првенство во кратки базени (25 метри) во Копенхаген, Данска, имаа уште еден слаб настап. Претпладнето во квалификациите се појавија Љупчо Ангеловски и Миа Крстевска.

Ангеловски во дисциплината 50 метри слободно го освои петтото место во првата група со време 23.62 секунди и го зазема 75 место во конкуренција на 79 пливачи.

Миа Крстевска во квалификациите на 200 метри грбо исплива 2:20.82 минути и е последнорангирана (28 место) во оваа дисциплина.

Утре во квалификациите од нашите пливачи ќе настапат: Љупчо Ангеловски (50 метри пеперутка), Миа Крстевска (50 метри грбно) и Ана Јаневска (100 метри пеперутка).

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска