Норвешка со убедливи 34:17 ја победи Русија во последниот четвртфинален дуел на женското Светско ракометно првенство и се пласира во полуфиналето.
Претходно место меѓу најдобрите четири селекции на планетарниот собир обезбедија Холандија, Франција и Шведска.
Полуфиналните мечеви ќе се играат утре во Хамбург. Двојките се:
Холандија – Норвешка (почеток 17:30 часот) и
Шведска – Франција (20:45 часот).