Денеска Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, одржа рочиште по жалбата на Обвинителството, кое ја спори ослободителната пресуда за лидерот на Српската радикална партија (СРС), Војислав Шешељ.
Тој одби на учествува во натамошниот тек на судењето, откако беше пуштен на слобода во Србија поради здравствени причини во 2014 година, па беше застапуван од именуван адвокат.
Нема временски рок во кој што трибуналот треба да донесе одлука по жалбата на Обвинителството.
Шешељ во 2015 година беше ослободен од обвиненијата дека поттикнувал омраза и насилство кон Хрватите и Бошњаците за време на конфликтот во поранешна Југославија и дека е одговорен за убиства, мачење и сурово постапување со заробеници и за депортирање на цивили.
Тој доброволно се предаде на Трибуналот во 2003 година, а по пуштањето во Србија најави дека нема намера да се врати во Хаг, дури и да биде прогласен за виновен.