Досегашните договори помеѓу Европската комисија и Лондон за заминувањето на Велика Британија од ЕУ се успешни, оцени Советот на министри за надворешни работи на ЕУ.
Министрите на ЕУ со оваа позитивна оценка му препорачаа на Европскиот совет да го поддржи ставот дека има доволен напредок во првиот дел од преговорите. Доколку шефовите на држави или влади на членките на ЕУ го поддржат таквиот став, тогаш може да се дозволи почетокот на преговорите за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.
Советот денес истакна дека за секој понатамошен напредок, неопходно е почитување на досегашните договори.