Чавушоглу: Арапскиот свет млако реагираше на одлуката на САД за Ерусалим

Од:

Некои арапски држави покажаа млака реакција на одлуката на САД да го признаат Ерусалим за главен град на Израел, смета шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу во пресрет на утрешниот самит на Организацијата за исламска соработка во Истанбул.

Според него таквата реакција се должи на загриженоста на некои арапски земји да не го налутат Вашингтон.

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган смета дека САД ги игнорираат палестинските аспирации кон Источен Ерусалим и дека го погазуваат меѓународното право. Тој ги повика лидерите на над 50 муслимански земји да изработат заеднички одговор.

Египет и Обединетите Арапски Емирати ќе испратат министри за надворешни работи на средата во Истанбул, додека Саудиска Арабија се уште не соопштила на кое ниво ќе учествува.

Трите земји имаат деликатни односи со Турција, поради врски меѓу происламската Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган и исламистичко движење, на кое тие се противат.

Би можело да ве интересира

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Халеви: Израел ќе посегне до секој што ни се заканува

Горан Наумовски

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

ИДФ: Елиминиравме уште еден висок член на Хезболах

Горан Наумовски