Двајца палестински екстремисти денеска биле убиени во воздушен напад во Појасот Газа извршен од Израел, јавија медиумите од регионот. За овој настан се уште нема потврда од израелската армија.
Жителите на Појасот Газа кои биле сведоци на нападот рекле дека убиените биле припадници на екстремистичката организација Исламски џихад.
Претходно израелскиот противракетен систем Железна купола вчера пресретнал ракета истрелата од Појасот Газа. Лансирањето предизвикало тревога во израелскиот град Хоф Ашкелон, во близина на појасот Газа.
Палестинските вооружени групи честопати лансираат ракети кон блиските израелски градови, кои израелската армија се обидува да ги собори со противракетниот систем Железна купола. Во овој случај ракетата била погодена сред лет и нема повредени. Како одговор на лансирањето на ракетата, израелски тенк гранатирал позиција на палестинската група Хамас во северниот дел на Појасот Газа.