Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера го посети Каиро како дел од неговата регионална турнеја во која бара од арапските земји да се спротистават на американската одлука да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
Абас се сретна со претседателот на Египет Абдел Фатах ал Сиси, со кого договори да продолжат координациите на највисоко ниво по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп. Абас се сретна и со Ахмед Абул Геит, генерален секретар на Арапската Лига, а турнејата на Абас продолжува во Истанбул, на состанокот на Организацијата на исламската конференција.