Легендата на Реал Мадрид, Емилио Бутурагењо смета дека пресметката со ПСЖ во осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони е рамна на финале во елитното натпреварување.
– Овој судир спокојно може да биде финале. Двата тима се многу силни. Сепак жрепката одреди да се сретнат многу рано и еден од двата тима ќе мора да отпадне. ПСЖ се засилува секоја година. Беа беспрекорни во групната фаза и имаат огромен потенцијал, изјави Бутрагењо.
Реал кој е бранител на трофејот во Лигата на шампионите, денес за противник во осминафиналето од најквалитетното клупско европско натпреварување го доби Пари Сен Жермен.