Ердоган: Израел е окупаторска држава

Од:

Ердоган го обвини Израел дека е окупаторска држава, откако синоќа повторно ја критикуваше одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Турскиот претседател смета дека Израел предизвикува терор со својата полиција и војници и додаде дека одлуката на Трамп не е во согласност со законите или правдата.

– Израел продолжува да се шири и да ги потиснува Палестинците. Израел е држава на окупација. Тие напаѓаат цивили, вклучително и деца во Газа и на Западниот брег, спроведувајќи терор со својата полиција и војници, вели Ердоган.

Тој кажа дека во изминатите денови разговарал со светски лидери, како и со Папата Франциско и дополни дека тоа е проблем и за христијаните и за евреите, не само за муслиманите.

– Лидерите треба да тежнеат кон мир, а не да предизвикуваат немири. Одлуката на Трамп не е во согласност со правото. Одлуката зададе тежок удар на Советот за безбедност на ОН. Она што денес го доживуваме е само резултат, а проблемот е во системот, истакна Ердоган.

Би можело да ве интересира

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан

Халеви: Израел ќе посегне до секој што ни се заканува

Горан Наумовски

ИДФ: Елиминиравме уште еден висок член на Хезболах

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

Хезболах продолжува да гаѓа цели во Израел, силите на Тел Авив во состојба на готовност

Горан Наумовски