Синоќа на средбата на министрите за надворешни работи на членките на Арапската лига, првиот човек на организацијата Ахмед Абул Геит ги повика земјите ширум светот да ја признаат Палестина како независна држава со главен град Источен Ерусалим.
Оваа постапка според него би била одговор на одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп за признавање на Ерусалим како главен град на Израел.
Геит смета дека Трамп со неговата одлука ја довел во прашање улогата на Вашингтон како посредник во мировните процеси, не само на Блискиот Исток, туку и во целиот свет.
– Таквата одлука ја легализира окупацијата (на палестинските територии), истакна Геит.
Арапската лига синоќа одржа состанок со цел да се утврди заеднички одговор на земјите членки на одлуката на Трамп.