Јужните делови на американската сојузна држава Калифорнија денеска ја зафати ветер со јачина на ураган, што придонесе за разгорување на шесте активни пожари во тој дел на САД и за појава на нови огнени жаришта.
Најкритично е во подрачјето меѓу Сан Диего и Санта Барбара, од каде се евакуирани илјадници лица.
Калифорниската агенција за борба против пожарите Калфајр информира дека ветерот е со јачина на ураган од прва категорија и дува со брзина од над 120 километри на час, што заедно со невообичаено високите темпертури за овој период од годината, создава „исклучитечно опасни услови“ за ширење на пожарите.