Лидерот на Хезболах повика на голем протест против одлуката на Трамп

Од:

Шеикот Хасан Насрала повика на голем протест в понеделник против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

-Ги повикувам сите на огромен народен протест, да ја осудиме американска агресија и неправедно решение и да изразиме солидарност со палестинскиот народ, рече шефот на моќното либанско шиитско движење, кое е главен сојузник на Иран и заколнат непријател на Израел.

Лидерот на Хезболах исто така ги повика жителите на 12 палестински бегалски кампови во Либан да протестираат.

– Судбината на Ерусалим е клучно прашање во конфликтот на Блискиот Исток, рече лидерот на Хезболах.

Според него одлуката на САД ги става под закана исламските и христијанските светињи и го повика арапскиот и муслиманскиот свет да го поддржат новото востание на Палестинците и да им дадат политичка, финансиска и воена помош.

Би можело да ве интересира

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат