Со закон ќе се ограничуваат најпопуларните руски телевизиски канали во Молдавија, откако денеска Парламентот на Молдавија со 61 глас од вкупно 101 го донесе законот.
Против законот гласаа пратениците од редовите на социјалистите и комунистите, а во знак на протест пратениците од Комунистичката партија ја напуштија парламентарната сала.
Според Владимир Батринча, пратеник во Парламентот законот противречи на Уставот на Молдавија со кој што се гарантира слобода на мислење и говор.
Претседателот Игор Додо го критикуваше законот уште пред неговото усвојување, бидејќи смета дека наметнатите ограничувања ќе ги поткопаат односите меѓу Молдавија и Русија.
– Јас нема да го потпишам законот под никакви околности, рече тој.