Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по поразот од Шахтјор синоќа во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите рече дека не е пријатно кога се губи, но нагласи дека и не може секогаш да се победува.
„Граѓаните“ од претходно го имаа обезбедено првото место во групата, па поразот од Шахтјор немаше значење околу нивниот пласман во групата.
– Никогаш не е лсено кога се губи. Ама веќе неколку пати кажав дека не можеме секогаш да доаѓаме до победите. Понекогаш мораме и да изгубиме. И покрај поразот, имавме добри моменти. Сега треба малку да се одмориме, а потоа да с еподготвиме за следниот натпревар, изјави предводникот на Сити.
Покрај Манчестер Сити од Ф групата и Шахтојор како второпласиран обезбеди учество во осминафиналето од ЛШ.