Во фудбалската Лига на шампиони синоќа заврши групната фаза по која познати се сите екипи кои продолжуваат во елиминациското осминафинале.
Ливерпул во 6. коло ја извојува највисоката победа и како првопласиран ќе ја чека жрепката за следната фаза. Од Е-групата понатаму оди и Севиља.
Резултати и пласман:
Група Е: Ливерпул – Спартак Москва 7:0, Марибор – Севиља 1:1.
Табела: Ливерпул 12 бодови, Севиља 9, Спартак Москва 6, Марибор 3.
Група Ф: Феенорд – Наполи 2:1, Шахтјор Доњецк – Манчестер Сити 2:1.
Табела: Манчестер Сити 15 бода, Шахтјор Доњецк 12, Наполи 6, Феенорд 3.
Група Г: Порто – Монако 5:2, Лајпциг – Бешикташ 1:2.
Табела: Бешикташ 14 бода, Порто 10, Лајпциг 7, Монако 2.
Група Х: Реал Мадрид – Борусија Дортмунд 3:2, Тотенхем – АПОЕЛ 3:0.
Табела: Тотенхем 16 бода, Реал Мадрид 13, Борусија Дортмунд 2, АПОЕЛ 2.
Покрај Ливерпул и Севиља, од сегментот Е-Д во следната фаза од елитното фудбалско натпреварување се пласираа: Манчестер Сити, Шахтјор, Бешикташ, Порто, Тотенхем и Реал Мадрид.
Во вторникот местото во осминафиналето го потврдија: Манчестер Јунајтед, Базел, ПСЖ, Баерн, Рома, Челзи, Барселона и Јувентус.