Лондон ќе забрани ресторани за брза храна во близина на училиштата

Од:

Учениците во Лондон ќе мора да се изнапешачат за да купат „нездрава“ храна, откако ќе стапи во сила новата наредба на лондонскиот градоначалник Садик Кан, кој ќе забрани отворање на нови ресторани за брза храна на 400 метри до училиштата.

Целта на оваа мерка е да се сузбие појавата на прекумерна тежина кај децата, пишува весникот „Ивнинг Стандард“.

Мерката ќе се однесува на сите ресторани кои ја продаваат традиционалната британска риба со помфрит, како и пржено пилешко. Сите идни ресторани кои се отвораат во близина на училишта ќе мораат да докажат дека ги исполнуваат минималните стандарди за нудење на здрава храна за да добијат дозвола за работа.

Мерката беше најавена откако истражување покажа дека 40 проценти од децата во британскиот главен град имаат прекумерна тежина, што е највисок процент во однос на сите британски градови.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска