Хашкиот трибунал не е политичка институција и не суди народи, туку одговорни за тешки воени злосторства и кршење на Женевската конвенција, изјави главниот обвинител на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, Серж Брамерц.
– Осудените извршители не се војници кои се бореле за татковината, своите села или семејства, туку наредбодавачи кои убивале воени затвореници, заштитени со Женевската конвенција, истакна Брамерц во интервју за љубљанскиот весник „Дело“, додавајќи дека „нема ништо херојско во палењето на села, протерување на луѓе од нивните домови или поттикнување војници на масовно сексуално насилство“.