Прелиминарните резултати од обдукцијата на Праљак покажале дека се отрул со цијанид

Од:

Според прелиминарните резултати од обдукцијата на Слободан Праљак, која што започнала денеска во Хаг, хрватскиот генерал испил цијанид, пренесуваат медиумите.

Во соопштението се наведува дека токсиколошкиот тест покажал дека Праљак имал калиум-цијанид во крвата.

– Тоа довело до запирање на срцето, што се претпоставува дека е причианта за смртта, е наведува во соопштението.

Обдукциајта била надгледувана и од двајца хрватски експерти, во согласност со договорот на Хаг и хрватските власти.

Поранешниот командант на главниот штаб на ХВО, Слободан Праљак почина во болница во Хаг, откако испи отров во судницата на Хашкиот трибунал по изрекувањето на пресудата за воени злосторства и казна од 20 години затвор.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ