Ракометарката на ЖРК Вардар и француска репрезентативка Александра Лакрабер на крајот од сезоната ќе го напушти европскиот вицеправк ЖРК Вардар и ќе се врати во Франција, пренесува француски „Л’Екип“. Десниот бек на ЖРК Вардар Лакрабер ќе потпише двегодишен договор со француската екипа Флери.
Таа ќе биде одлично засилување на француската екипа која во 2015 година беше шампион на Франција.
Лакрабер се наоѓа на подготовки со француската женска репрезентација за претстојното Светско првенство што од 1 до 17 декември ќе си игра во Германија. Таа има одиграно 201 натпревар во дресот на „триколорите“.
Французинката пристигна во Вардар во 2016 година.