Државниот завод за статистикасоопшти дека индустриското производство во октомври 2017 година забележало раст за 1,3 отсто во однос на истиот месец лани, а во периодот јануари-октомври 2017 годинава во однос на истиот период лани, има зголемување од 0,1 отсто.
Опаѓање бележи индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен за 10,6 отсто, додека секторот преработувачка индустрија бележи раст од 2,1 отсто. Раст бележи и секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,5 отсто.
Производството во октомври 2017 година во однос на октомври 2016 година бележи пораст кај енергијата за четири отсто и капитални производи за 15,4 осто, додека опаѓање се бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 2,8 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 9,4 отсто и нетрајни производи за 3,1 отсто.