Денеска Хашкиот трибунал треба да ја изрече второстепената пресуда за случајот „Прлиќ“ за одговорноста на хрватскиот државен врв во заедничко злосторство над муслиманите.
Доколку Жалбениот совет на Трибуналот ја потврди првостепената пресуда, ова ќе биде прва пресуда со која хрватскиот политички и воен врв ќе биде одговорен за заедничко злосторничко дејствување.
Првостепената пресуда Трибуналот ја донесе во 2013 година кога шест поранешни високи функционери на таканаречената република „Херцег-Босна“ и Хрватскиот совет за одбрана (ХВО) се осудени на вкупно 111 години затвор. Судот ги прогласи за одговорни поради злосторства врз муслиманите во Босна и Херцеговина во рамки на здружени злосторничко дејствување, во кое што учестувувал и политичкиот и воениот врв на Хрватска, вклучувајќи го и претседателот Фрањо Туѓман.
Обвинителството на Хашкиот трибунал побара од Жалбениот совет казната да биде двојно зголемена, и да ги осуди на вкупно 220 години затвор.