Вардар подобар од Академија Пандев во заостанатиот дуел од осмото коло

Од:

ФК Вардар ја продолжи својата победничка серија откако денеска на гостински терен го совлада тимот на Академија Пандев со 2-0.

Дуелот помеѓу Вардар и Академија Пандев беше одложен натпревар од осмото коло, а со победата Вардар ја продолжи својата низа на четири победи по ред.

Стрелци на головите за Вардар беа Максим Максимов и Ацо Стојков.

Денеска се играа и три дуели од актуелното 17. коло во кои Силекс славеше со 2-1 над Работнички, Победа го победи Скопје, а Пелистер и Скупи одиграа 2-2.

Табела: Шкендија 43 бодови (17 натпревари), Вардар 32 (15), Силекс 28 (17), Академија Пандев 25 (16), Работнички 20 (16), Шкупи 20 (17), Победа 18 (17), Ренова 17 (17), Пелистер 16 (17) и Скопје 10 (17).

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он