Во бугарскиот град Пазарџик биле уапсени маж и жена поради смртта на едногодишно бебе чие тело беше пронајдено завчера.
Притоврените се мајка на бебето и човекот со кој што живеела. Според првичните информации, мајката често го оставала бебето само со човекот, а се смета дека тој го убил бебето удирајќи го во главата, затоа што многу плачело.