Голманот на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев, конечно, по 43 натпревари во Лигата на шампионите успеа да не прими гол на еден меч.
Прекинот на негативниот рекорд и лошата серија долга 11 години, на дуелот со Бенфика (2:0) го израдува тренерот на „Армејците“ Виктор Гочаренко.
– Се разбира дека му честитавме по натпреварот. Сите играчи од одбраната одработија добра работа и му помогнаа на нашиот голман. Сакавме да се запре лошата низа, а тоа најмногу го посакуваше Акинфеев. Тој е квалитетен голман и не заслужува таков негативен рекорд во неговата кариера, изјави Гончаренко.
Акинфеев целата кариера ја минува во ЦСКА Москва. Дебитираше со само 16 години и досега бранел на 522 настапи.