Дополнителен рок за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп побарале претставници на изведувачот на градежните работи шпанска „Рубау“ денеска на средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.
На средбата, соопшти Министерството за транспорт, се разговарало за интензивирање на активностите за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп и надминување на состојбите затекнати во тек на изградбата, како експропријација, легализација и појава на археолошки наоѓалишта.
Како едно од решенијата за квалитетна изградба на овој патен правец, од страна на изведувачот е предложен нов рок за изградба, за што Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта дополнително ќе се произнесат.