Интензивирање на соработката меѓу Македонија и Чешка, особено во делот на економијата, беше тема на разговор меѓу министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и чешкиот амбасадор Мирослав Томан што денеска се одржа во Скопје.
Министерството за транспорт и врски соопшти дека министерот Сугарески го информирал амбасадорот Томан за инфраструктурните проекти што се реализираат во патната и железничката мрежа, како и за реформите што ќе се спроведуваат во следниот период, а кои се во насока на подобрување на севкупната состојба во државата.