Победникот на Мастерсот во Лондон, Григор Димитров јавно изрази благодарност до Никол Шерцингер за нејзината поддршката. Бугарскиот тенисер стави крај на гласините за проблеми во врската со американската пејачка.
Тој во обраќањето по финалето им се заблагодари, на луѓето од неговиот тим за одличната година на професионален план.
– Сакам да и се заблагодарам на мојата девојка која е заслужна за моите резултати овие две недели. Никол одигра многу важна улога за се што се случува. Таа се крие некаде, рече Димитров.
Всушност Никол не се криеше, туку за време на финалето од Мастерсот во Лондон снимаше епизода од „Х Фактор“ каде е еден од менторите. За време на снимањето го означи и успехот на Григор, со тоа што публиката во студиото го скандираше неговото име. Претходно, таа го претстави Бугаринот како нејзин пријател.