Вардарки почнуваат на домашен терен во главната фаза од ЛШ

Од:

Вардар е единствен тим во женската Лига на шампионите што во Главната фаза тргнува со максимални 8 бода што ги пренесува од мечевите од првиот круг. Противници на „црвено-црните” во борбата за четвртфинале ќе бидат Мец, Будуќност и Битигхајм.

Според распоредот и освоеното место на табелата во првиот круг македонскиот првак на првиот меч во Главната фаза ќе биде домаќин на крајот од јануари 2018 година.

Вардар пренесува осум бода во Главна фаза, два повеќе од Мец и четири повеќе од ФТЦ и Будуќност. Германски Битигхајм има два бода, а Турингер стартува без бодови.

Распоред на натпревари на Вардар во Главна фаза
1. коло: (26-28 јануари 2018) Вардар – Мец
2. коло: (02-04 февруари 2018) Битигхајм – Вардар
3. коло: (09-11 февруари 2018) Вардар – Будуќност
4. коло: (23-25 февруари 2018) Мец – Вардар
5. коло: (02-04 март 2018) Вардар – Битигхајм
6. коло: (09-11 март 2018) Будуќност – Вардар

Првите четири екипи од оваа група потоа вкрстуваат со четирите најдобри од другата група и ќе се борат за пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска