Германија ќе додели 20 милиони евра за стотиците илјади бегалци рохинги во Бангладеш, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, откако го посети бегласкиот камп во Кутупалонг во областа Кокс Базар.
– Ситуацијата е крајно драматична. Условите за живот тука се катастрофални, рече Габриел откако го виде кампот заедно со министрите за надворешни работи на Бангладеш, Шведска и Јапонија. Тие беа придружувани од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.