(ВИДЕО ИНТЕРВЈУ) Игор Карачиќ: Кога го победив, брат ми сакаше да ме исфрли од дома

Од:

Хрватскиот ракометен репрезентативец и играч на европскиот шампион „Вардар“, Игор Карачиќ, е средниот од тројцата браќа Карачиќ. Тројцата спортисти, тројцата репрезентативци. Сепак, интересно е тоа што Игор и неговиот три години постар брат Иван се единствените ракометари во Европа што играле еден против друг во спротивни репрезентации. Игор за хрватската, а Иван за Босна и Херцеговина. И Би-би-си направи репортажа за браќата што на првенството во Катар во 2015 година играа еден против друг, а живееја во иста куќа во Мостар.

„Многупати сме играле еден против друг, ама, ете, тоа се случи на Светското првенството во Катар каде што игравме репрезентација против репрезентација. И беше весело и во нашата куќа и за мајка ми и за татко ми, ама и ден-денес не знам за која навива. Но, ете, Хрватска тогаш победи“, раскажува Карачиќ.

На прашањето дали Иван му попушатл, на шега вели: „Па, сигурно, секогаш за мир во куќата тој вели дека ми попушта, нели е постар брат“.

Игор за „Репортер“ ја сподели и приказната што се случила пред 10 години во Бања Лука. Се одлучувало за првак на Бања Лука, а браќата играле во клубовите еден против друг.

„Мојот тим победи. Брат ми беше во шок. Не можеше да поверува во сето тоа, ама на крајот пак завршивме во иста куќа, под ист покрив, кај истите родители… Тогаш сакаше да ме исфрли од дома, ама не го направи тоа“, искрен е ракометарот на „Вардар“. За третиот брат, Горан, голманот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, вели дека тоа е братот што секогаш го галеле и го чувале зашто е многу помал од нив. Сепак, вели Игор, и да се на спротивни страни од светот, секогаш кога се празници, се собираат во семејната куќа на родителите во Мостар.

Во интервјуто хрватскиот репрезентативец раскажува дека пред ракометот тренирал карате.

„За ракометот не знаев многу. Гледам само трчаат на терен, но подоцна, поради брат ми Иван, го засакав. По некое време следуваше повикот од репрезентацијата“, вели Игор. Во Скопје и во „Вардар“ дошол по покана на Веселин Вујовиќ, кој се јавил во еден тежок период кога закрепнувал по операцијата од повердата на рамото.

Со „Вардар“ станаа европски шампиони. Со хрватската репрезентација освоија бронза во Полска. Во јануари се игра Европското првенство во Хрватска. „Верувам дека ќе биде спектакл и би се радувале и на медал“, искрен е ракометарот на „Вардар“.

А. Георгиев

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ