Генетска мутација ги прави Амишите долговечни

Од:

Ретка генетска мутација забележана кај Амишите во САД ја објаснува нивната долговечност и, според науката, отвора можности за третман на дегенерацијата предизвикана од стареењето.

– Тоа е прва човечка генетска мутација за која е докажано дека има многубројни влијанија на биолошките промени предизвикани од стареењето, изјави деканот на Медицинскиот факултет при Северозападниот универзитет од Чикаго, професор Даглас Вон,

Истражувањето било спроведено на 177 Амиши на возраст од 18 до 85 години во амишката заедница во Берн во американската сојузна држава Индијана.

Наводите велат дека 43 лица имаат мутација на генот „серпин 1″ кој драстично го намалува производството на протеинот ПАИ-1. Тие се одликуваат со подобро здравје и живеат најмалку 10 години повеќе од луѓето кои ја немаат таа мутација. Вообичаениот животен век во САД е 78,8 години.

Меѓународниот научен тим утврди дека „метаболичкиот профил на Амишите е поздрав“ и дека тие се значително помалку подложни на дијабетес и кардиоваскуларни заболувања.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска