Објавени уште повеќе од 10 илјади документи на ФБИ поврзани со убиството на Кенеди

Од:

Уште 10.477 документи на ФБИ поврзани со убиството на некогашниот американски претседател Џон Ф. Кенеди денеска беа објавени од страна на националниот архив на САД.

Од нив 8.336 документи се објавени во целост, додека 2.408 се во ограничен формат, а 114 од нив се обелоденети за прв пат.

Претходно Доналд Трамп нареди преостанатите податоци да станат достапни за јавноста и нареди да се проучат предложените интервенции за што помал број на информации да останат тајни.

Документите поврзани со убиството на Кенеди беа одбележани како „строго доверливи“ во 1992 година од страна на тогашниот претседател Џорџ Буш постариот, со што се воведе 25 годишна забрана за објавување.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија