Агаси: Федерер не е најдобар

Од:

Легендарниот тенисер Андре Агаси кој оваа сезона работи како тренер на Новак Ѓоковиќ изјави дека Роџер Федерер не може да се смета за најдобар во историјата на тенисот.

-Играч не може да биде најдобар на сите времиња ако еден противник го победил толку пати. Тоа е мое мислење. Може да има и спротивни мислење, тоа е само дебата, истакна Агаси.

Тој смета дека Федерер е уникатен по силата, прецизноста, леснотијата со која освојува поени.

-Сигурно е дека засекогаш ќе го одбележи овој спорт. Тоа не може да се оспори. Но, за да си најдобар треба да имаш позитивен биланс со сите, потенцира Агаси.

Федерер губи во меѓусебните мечеви со Рафаел Надал 23:15, а од Новак Ѓоковиќ 23:22.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ