Сириската курдска Партија на демократската унија денеска соопшти дека ја поддржува идејата за долгорочен ангажман на вооружените сили на САД во Сирија по поразот на групата Исламска држава (ИД).
Според најголемата политичка партија на сириските Курди, Американците треба да го продолжат своето присуство, се додека не биде најдено решение на сириската криза.
– Без постигнување политичко решение на сириската криза, со актуелната турска и иранска интервенција во Сирија и континуираното присуство на Ал Каеда во земјата, подобро е да продолжи и операцијата на коалицијата, истакна копретседателот на партијата Шахоз Хесен.