САД по 2014. во Авганистан ќе имаат најмногу 9 илјади војници

Од:

Американското Министерство за одбрана планира да го намали на три илјади, шест илјади или најмногу девет илјади бројот на војници во Авганистан по 2014 година, кога завршува воената мисија на НАТО, пишува весникот „Волстрит журнал“.

Овие бројки се помали првично планираните и тие се побарани од претседателот Барак Обама, додава весникот.

Тие војници ќе можат да продолжат да спроведуваат воени операции против бунтовниците и ќе се борат против Ал Каеда, со цел да ја спречат да се врати на раководните позиции во земјата, пишува „Волстрит журнал“ и додава дека припадниците на американските сили исто така ќе продолжат да ги обучуваат авганистанската армија и полиција.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи следната недела ќе го посети Вашингтон, каде со Обама ќе разговара за американското воено присуство во Авганистан по 2014 година.

Според весникот САД водат преговори со своите сојузници од НАТО за нивото на ангажманот во Авганистан, при што се разгледува можноста за две третини од војници да бидат Американци и една третина од силите на сојузниците.

Претходно денеска талибанците се заканија со војна во Авганистан доколку странските трупи останат во земјата по предвиденото повлекување на меѓународните сили до крајот на 2014 година.

– Доколку Америка сака да остави мал или голем број војници, не е важно колку долго, тоа значи дека во регионот во тој период ќе продолжи војна и уништување, соопштуваат талибанските бунтовници.

Тие предупредуваат дека доколку се согласат на останување на само еден војник, Карзаи и Владата ќе бидат „одговорни за идните жртви и уништувања“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија