Во септември годинава се издадени 222 одобренија за градење, што е за 25,3 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот зваод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3. 575. 789.000 денари, што е за 29,7 проценти помалку во однос на септември лани.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 141 (63.5 проценти) е наменетo за објекти од високоградба, 18 (8,1 процент) за нискоградба и 63 (28.4 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 222 објекти, кај 162 (73 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 60 (27 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 665 станови, со вкупна корисна површина од 55.192 метри квадратни.