Катар првпат во својата историја именуваше жени во Советодавниот совет. Со указ на емирот Шеик Хамад бин Калифа ал Тани, вкупно четири жени ќе бидат именувани во Советот, кој е своевиден парламент.
Државната новинска агенција на Катар соопшти дека емирот именувал вкупно 28 нови членови на Советот. Потегот доаѓа во време кога Катар е соочен со дипломатско и трговско ембарго од страна на Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.