ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Владата на СДС го реализира нашиот проект за градба на експресниот пат Штип-Радовиш

Од:

„Добро е што Владата на СДС го реализира проектот на ВМРО-ДПМНЕ за градба на експресниот пат Штип-Радовиш.

Од владата на ВМРО-ДПМНЕ и со силно залагање на поранешните министри за транспорт и врски беше изработен проект, беше направено проектирање, и беа обезбедени средства за градба по што се пристапи кон распишување на тендер и евалуација на понудите.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ потпиша и договор за изградба на експресниот пат од Штип до Кочани, а се финализираше и експресниот пат од Велес до Штип. Во финална подготвителна фаза беа оставени на владата на СДС и изградбите на експресните патишта Ранковце до Крива Паланка и експресниот пат од Охрид до Пештани.

Меѓу другото потсетуваме дека автопатот Демир Капија-Смоквица кој е целосно изграден од владата на ВМРО-ДПМНЕ сеуште владата на СДС не го става во употреба, поради банални и несуштински причини, а речиси стопирана е градбата на автопатот Кичево-Охрид како и експресниот пат Прилеп-Градско, исклучиво поради неспособност да се менаџира на дневна основа реализацијата на вакви крупни проекти.

Ја потсетуваме владата на СДС дека сеуште граѓаните го очекуваат барем првиот километар автопат кој ќе го изградат од вкупно 500-те километри нов автопат кои ги ветија пред изборите дека ќе ги реализираат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференцијата на министерот за транспорт, Горан Сугарески.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска