Ќе се гради нов експресен пат од Радовиш до Штип

Од:

За еден месец ќе почне изградбата на експресниот пат од Штип до Радовиш во должина од 23,5 километри, инвестиција во вредност од 28 милиони евра, обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој. Патот ќе се гради на целосно нова траса од местото Софилари пред Штип до Бучим.

Mаксималната дозволена брзина ќе биде 110 километри на час.

Како што најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, веќе е потпишан договорот за изградба и новиот пат треба да биде завршен до крајот на 2020 или почетокот на 2021 година.

Истовремено со изградбата ќе се изврши обнова со проширување на постоечкиот регионален пат, во што ќе бидат вложени три милиони евра.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска