Олимписката шампионка од маратонската трка на игрите во Рио де Жанеиро 2016 година, Џемима Сумгонг, е казнета да не се натпреварува следните четири години. 32-годишната маратонка беше позитивна на допинг контролата на примерокот од крвта во пролетта.
Сумгонг е исто така победник на престижниот маратон во Лондон 2015 година.
Соопштението на анти-допинг агенцијата на Кенија е уште една потврда дека и во африканската атлетика нешто не е во ред.
Постои опасност атлетичарите од Кенија да ја доживеат судбината на руските атлетичари кои поради системски допинг колективно се суспендирани од големите натпреварувања.