Дибирова: Мора против сите да се игра максимално ангажирано

Од:

Ракометарките на Вардар иако во првото полувреме не се покажаа во вистинско светло, сепак до крајот на натпреварот против Ларвик докажаа дека се сериозен ривал кој цели кон освојување на титулата.

Бледата игра во првиот дел не смее да се повтори, и во наредните дуели против секој противник мора да се игра максимално ангажирано смета предводничката на вардарки Ирина Дибирова

„Ларвик има одлични ракометарки, млади но имаат добар шут од дистанца и добар контранапад. Моите ракометарки, по победата во гости со 10 гола разлика, на натпреварот почнаа малку опуштени, очекуваа дека ќе можат да одиграат со половина сила. Но, се покажа дека не може така, дека мораме да одиграме многу добро. На сите средби мора да бидеме максимално ангажирани бидејќи мора да се игра максимално против секој ривал. Ќе мора тоа да го покажеме на следната средба против ФТЦ во Унгарија“, изјави по натпреварот Дибирова.

Една од најзаслужните за оваа победа беше голманката Амандин Лејно, која средбата ја заврши со 20 одбрани, се согласи со дека овој меч бил далеку потежок од првиот на гостински терен.

„Ларвик одигра одличен натпревар. Ова беше многу тежок натпревар Играа многу добра одбрана, многу мудро. Но, и моите соиграчи одиграа квалитетно и го добивме натпреварот“, нагласи Лејно.

Во следното коло против ФТЦ Будимпешта на гостински терен ЖРК Вардар влегува со максимален учинок, четири победи на четири одиграни натпревари.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска