Вардарки против Ларвик за продолжување на максималниот ефект во Лигата на шампионите

Од:

Ракометарките на Вардар денска против Ларвик ќе го одиграат четвртиот меч во Лигата на шампионите.

Лесната победа на првиот дуел во Норвешка, каде црвено-црните славеа со 31-19 нема да ги залаже вардарки, бидејќи ривалот чиј тим е составен од млади ракометарки кои се желни за докажување, секако ќе се обидат да ја искористат секоја шанса и да направарт изненадување.

-По три кола имаме максимален учинок и сакаме да продолжме така. На секој противник на натпреварите ние приоѓаме сериозно. Тренираме добро и знаеме која е нашата цел. Сигурна сум дека и овојпат нема да биде лесно. Тие играат секогаш до крај, без разлика на резултатот. Желни се за докажување. Ни треба максимален пристап во одбрана за постигнување лесни голови. Ќе се обидеме да поправиме некои работи, за следното гостување во Будимпешта. Тоа е целта, да завршиме онака како што очекувавме, изјави Јованка Радичевиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Ларвик ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во терминот од 17 часот.

Во вториот меч од оваа група унгарскиот ФТЦ Будимпешта е домаќин на германскиот првак Турингер.

Вардар е лидер на табелата со максимални 6 бода, пред ФТЦ Будимпешта со 4, Турингер со 2 и Ларвик кој нема освоено ниту еден бод.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска