Најдобри дестинации за 2013-та година: Истражете ги најубавите места во светот

Од:

Еден од најдобрите сајтови за патувања Лонли Планет (Lonely Planet) изработи листа на  земји  кои треба да ги посетите во 2013 година, а меѓу егзотичните дестинации се најде и Црна Гора.

Шри Ланка

Шри Ланка е нова хит дестинација, а освен евтините аранжмани и ниските цени на летовите, на своите посетители им нуди неверојатна природа и културен микс. Туризмот закрепна по цунамито во 2004 година и војната која беснееше цели 16 години, а властите оваа година очекуваат пораст на странските туристи.

Црна Гора

Природата и била наклонета на Црна Гора, особено на градот Котор и создала преубави пејсажи, така што на сите посетители им се препорачува да носат и опрема за планинарење и костими за капење. Во каменестите патишта и неверојатните глетки можете да уживата планинарејќи или возејќи велосипед по новоизградените патеки.

Јужна Кореја

Јужна Кореаја во последно време стана популарна благодарение на контраверзниот пејач Псај и неговиот хит „Гангнам стајл“, но туристите најмногу ги привлекуваат патеките за планинарење, голф терените и риболовот. Во 2013 година земјта е домаќин и на голем број спортски случувања, како светското веслачко првенство и зимската Параолимпијада, така што се очекува дека туризмот ќе доживее процут.

Еквадор

Во текот на 2013 година се очекува Еквадор со една од најдобрите железнички мрежи да ги поврзе своите главни центри, меѓу кои и 5.900 метри високиот вулкан Котопакси, кој привлекува туристи од целиот свет. Поради оваа причина се смета дека голем број посетители ќе заминат за Јужна Америка, а сигурно тука ќе ги привлече и одличната храна и пријателски расположените домаќини.

Словачка

Само 20 години по одвојувањето од соседна Чешка, Словачка се наметна како една од најпопуларните дестинации во Европа.  Честите викенд резервации и евтините зимувања и донесоа туристичи процут, но брзорастечката економија би можела да ги покачи цените, па 2013 година е идеална за посета, додека цените се уште се поволни.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ