Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по синоќешниот дуел со Наполи, не можеше да се ориентира на излезот од стадионот „Сан Паоло“ и случајно отиде во автобусот на италијанскиот клуб.
Сфаќајќи ја својата грешка, Гвардиола веднаш се симнал и се пресели во автобусот Манчестер Сити.
Шпанскиот стратег во неколку наврати искажуваше почит кон калчолигашот. Италијанските медиуми се пошегуваа дека Гвардиола бил толку импресиониран од Наполи што придонело да го погреши автобусот