Бешикташ на чекор до осминафиналната рунда

Од:

Екипите на Бешикташ и Монако одиграа без победник во првиот натпревар од денешната програма во фудбалска Лига на шампиони.

Во дуелот од 4.коло на „Г“ групата, кој се играше во Истанбул, заврши со нерешен резултат 1:1.

Гостите од Франција на крајот на првиопт дел (45+1.минута) дојдоа до предност со погодокот на Маркос Лопес

Во вториот дел турскиот тим заигра по офанзивно, па во 54.минута по прекршокот на Жорге, беше досуден пенал за Бешикташ, кој успешно го реализира Џенк Тосун за израмнување на 1:1, резултат кој остана и на крајот на мечот.

Со освоениот бод, и вкупно 10 тимот на Бешикташ е многу блуску до освојување на едно од двете места кои водат во нокаут фазата. Турскиот тим сега има шест бодови повеќе од германскиот Лајпциг, односно седум повеќе од трето рангираниот Порто, додека Монако со само два бода е последен во оваа конкуренција.

Вториот меч од оваа група се игра вечерва, а во него Порто е домаќин на Лајпциг.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска