Десетина демонстранти синоќа протестираа пред седиштето на Фудбалскиот сојуз на Грузија барајќи да биде исклучен од репрезентацијата фудбалерот Гурам Кашија поради поддршка на правата на геј популацијата.
Демонстрантите извикува антигеј пароли, фрлаа димни бомби, палеја факели и знамето со боите на виножитото. Грузиската полиција соопшти дека се приведени осум лица поради пружање отпор и хулиганство.
Кашија минатиот месец како капитен на холандскиот клуб „Витесе Архем“ на раката носеше трака со боите на виножитото, што е дел од иницијативата во Холандија.
Протестот го организираше ултра десничарската група „Грузиски марш“. Групата е антиимигрантска и антигеј настроена и се залага за „чисто“ општество во Грузија.
„Грузиски марш“ исто така бара и оставка од целото раководство на Фудбалскиот сојуз поради поддршката за Касија.
Касија претходно за холандската телевизија НОС изјави дека се гордее со тоа што поддржува рамноправност и дека нема намера да престане да игра за грузиската репрезентација.
И претседателот на Грузија, Ѓорѓи Маргвелашвили го поддржа Кашија.
– Секој има право на слобода на изразување. Треба да ги почитуваме човековите права и слободи. Јас сум на страната на едногласната поддршка што спортското друштво му ја даде на Гурам Кашија, напиша Маргвелашвили на Фејсбук.