По само четири рудни од групната фаза во фудбалската Лига на шампиони, екипите на Пари Сен Жермен и на Баерн Минхен изборија пласман во следната фаза.
ПСЖ синоќа со убедливи 5:0 го совлада Андерлехт за максимални 12 бода, додека германскиот првак Баерн Минхен со триумфот на гостувањето кај Селтик во Глазгов стана недостижен за шкотскиот тим.
Во следната фаза на елитното натпреварување од А групата оди Манчестер Јунајтед, додека Базел и ЦСКА Москва ќе решаваат за второто место.
Барселона е сигурен учесник од Д-групата, Јувентус е на чекор до осминафиналето.
Најнеизвесно е во групата Ц, каде Рома и Челзи имаат поголеми шанси од Атлетико Мадрид и Карабах.
Резултати во 4.коло од Лигата на шампионите сегмент А-Д: Рома – Челзи 3:0, Атлетико Мадрид – Карабах 1:1, Базел – ЦСКА 1:2, Селтик – Баерн Минхен 1:2, Манчестер Јунајтед – Бенфика 2:0, Олимпијакос – Барселона 0:0, ПСЖ – Андерлехт 5:0, Спортинг – Јувентус 1:1.